Властите одлучија да го затворат Ксиан еден месец пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг
Кинеските власти наредија затворање на градот Ксиан со 13 милиони жители поради зголемување на бројот на заразени со коронавирус.
Во Ксијан се пријавени 52 нови случаи на зараза, а бројот на регистрирани заболени во градот од 9 декември е 143. Жителите можат да ги напуштат домовите само доколку има потреба.
Едно лице по домаќинство ќе може да пазарува секој втор ден.
Властите одлучија да го затворат Ксиан еден месец пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг.