Според Националната здравствена комисија, последниот случај не е заболен преку локална трансмисија туку е импортиран. За претходните 12 новодијагностициран случаи во Кина, властите известија дека шест од нив се импортирани.
Вкупниот број на потврдени случаи во Кина откако е откриен ковид-19 изнесува 82.875. Вкупната смртност изнесува 4.633 лица, а оздравени се 77.685 лица.
Досега, според податоците на „Ворлд о метер“, вкупната бројка во светот на заболени со ковид-19 изнесува 3,5 милиони, над еден милион се оздравени и 239 илјади се починати.
Бројките се менуваат постојано во зависност од тоа како земјите низ светот ги пријавуваат новите статистики.