Како што објави Источниот Генералштаб на кинеската армија, вежбите ќе ги тестираат борбената готовност и блокирањето и контролата на клучните пристаништа и критичните области
Кинеската армија денеска почна мобилизација на копнени, морски, воздушни и ракетни сили за големи воени вежби околу Тајван, пренесува Си-ен-ен.

Целта на маневрите, наречени „Мисија на правдата-2025“, е да се испрати сериозно предупредување до сите што се залагаат за независност на Тајван, како и до надворешните сили што се мешаат во внатрешните работи на островот.
Ова се првите големи кинески воени вежби во близина на Тајван од април минатата година.
Како што објави Источниот Генералштаб на кинеската армија, вежбите ќе ги тестираат борбената готовност и блокирањето и контролата на клучните пристаништа и критичните области.
Активностите со боева муниција ќе се одвиваат во пет морски и воздушни зони околу островот.
Footage published earlier by the Eastern Theater Command of the Chinese People’s Liberation Army as part of the lead up to Exercise “Justice Mission 2025” encircling the Island of Taiwan. pic.twitter.com/CWhFdX0VMI
— OSINTdefender (@sentdefender) December 29, 2025
Владата во Тајпеј остро го осуди потегот, обвинувајќи ја Кина за воено заплашување.
Овие воени игри доаѓаат во исклучително напнато и чувствително време за регионот. Во последните недели имаше дипломатски спор помеѓу Кина и Јапонија околу изјавите на јапонскиот премиер за Тајван, додека Вашингтон и Тајпеј претходно објавија за една од најголемите продажби на американско оружје на островот досега.
Во исто време, претседателот на Тајван се обидува да обезбеди одобрение за историски специјален буџет за одбрана.
Портпаролката на тајванската претседателка, Карен Куо, изјави дека вежбите очигледно го поткопуваат статусот кво на безбедноста и стабилноста во Тајванскиот теснец и Индо-пацифичкиот регион и отворено го предизвикуваат меѓународното право и ред.
Историскиот договор за вооружување меѓу САД и Тајван од 11,1 милијарди долари вклучува ракетни системи HIMARS, противтенковски ракети, беспилотни летала, хаубици и воен софтвер.
САД одржуваат блиски неофицијални врски со Тајван и се законски обврзани да му обезбедат одбранбени ресурси.
