Другите земји на списокот на американската канцеларија за трговија се Аргентина, Чиле, Индија, Индонезија и Венецуела
САД ги ставија Кина, Русија и уште пет други земји на својата годишна црна листа поради лошата заштита на правата на интелектуална сопственост, што ги прави американските компании ранливи на пиратерија.
„Кина останува најголемата економија која произведува фалсификувани и пиратски стоки“,
се вели во соопштението.
Другите земји на списокот на американската канцеларија за трговија се Аргентина, Чиле, Индија, Индонезија и Венецуела.
Сите седум земји на овогодинешната листа беа и на ланската.
Трговската канцеларија ја отстрани и Саудиска Арабија од својата листа.