Досега, на двојките им беше дозволено да имаат до две деца, но поради големиот пад на наталитетот, властите одлучија да се дозволи семејствата да имаат три деца
Кина денеска објави дека на секоја брачна двојка во земјата ќе ѝ биде дозволено да имаат до три деца, откако неодамнешните податоци покажаа драматичен пад на бројот на раѓања во најнаселената земја во светот.
Во 2016 година Кина ја укина својата децениска одредба дека на двојките им е дозволено да имаат само едно дете и утврди дека можат да имаат две. Но, тој потег не резултираше со зголемување на наталитетот, бидејќи трошоците за одгледување деца во кинеските градови се мошне високи, па многу граѓани решија да останат со едно дете, објавува Ројтерс.
Кина – земја која старее
Според податоците од кинескиот попис што се спроведува еднаш во десет години, бројот на жители во Кина има најмал раст од 1950-тите во последната деценија, пренесуваат медиумите.
Во 2020 година, кинеските жени имале просечно 1 дете – што е слично на оние во општествата што стареат, како што се Јапонија и Италија.
Политиката на одредување на бројот на деца во семејствата од страна на државата е една од најкритикуваните во светот од страна на организациите за заштита на човековите права.