Оваа регулатива е една од неколкуте усвоени на состанокот на водечките државни функционери од Националниот народен конгрес (ННК), објави Би-би-си.
Пекинг уште во мај објави дека ќе им овозможи на паровите да имаат најмногу три деца.
Меѓу резолуциите е и укинувањето на финансиската казна што двојките требаше да ја платат доколку имаат повеќе деца од дозволеното, што ќе им овозможи на локалните власти да понудат породилно отсуство, да ги зголемат правата на жените на работа и да ја зајакнат инфраструктурата за предучилишна возраст.
Најновите податоци покажаа дека има голем пад на наталитетот.
Кина пред пет години ја укина повеќедецениската политика која не им дозволуваше на паровите да имаат повеќе од едно дете, со што беше дозволено да имаат најмногу две деца, но тоа сепак не помогна да се зголеми бројот на родени деца.
Високите трошоци за чување деца во градовите ги одврати многу двојки од Кина да имаат две деца.