Кинеските здравствени власти соопштија дека во последните четири месеци нема ниту еден смртен случај на хоспитализиран пациент со коронавирус.
Претставникот на Националната здравствена комисија, Гуо Јанхонг, изјави дека тоа е најсилниот доказ дека кинеското искуство, методите и стратегиите во лекувањето на коронавирусот се добри, и ја пофали стратегијата на Кина во спречувањето на ширењето на ковид-19, објави Си-ен-ен.
На 14 април кинеската Национална здравствена комисија последен пат пријави смртен случај како последица на коронавирусот, и тоа во покраината Хубеи, која се смета за жариште на епидемијата од декември лани.
За разлика од тврдењата на кинеските власти за успешноста на нивната стратегија во борбата со коронавирусот, повеќе земји, предводени од САД изразија сомнеж дека Пекинг на светот му презентира вистински податоци за состојбата со коронавирусот, кој од Кина се прошири низ целиот свет и предизвика голема здравствена и економска криза.