Од партијата се свесни дека голема епидемија може потенцијално да ја загрози социјалната стабилност и сериозно да му наштети на кредибилитетот на Си, велат експертите
Граѓаните на повеќе од 70 кинески града речиси цел август го поминаа во целосен или делумен карантин поради новите случаи на коронавирус. Овие ригорозни мерки сè уште се во сила во 33 града и имаат за цел по секоја цена да ја потиснат инфекцијата до претстојниот конгрес на Комунистичката партија на 16 октомври, каде што кинескиот претседател Си Ѓинпинг најверојатно ќе обезбеди трет мандат.

Според последните извештаи, строги мерки се во сила во 33 града, а експертите велат дека во следните недели најверојатно ќе се додадат уште градови на листата. Ваквите ограничувања се дел од стратегијата „нула ковид“ за која кинеските власти веруваат дека ефективно спасува животи.
Здравствените власти ја гледаат оваа стратегија како единствена опција поради релативно ниската стапка на вакцинација на постарите лица и несоодветната здравствена заштита во помалите градови.
„Сепак, во игра се и некои политички фактори. За кинескиот претседател, кој е непоколеблив поддржувач на стратегијата ‘нулта ковид’, важно е овој систем за заштита да функционира бидејќи тој самиот тврдеше дека овој модел на заштита е супериорен во однос на оние што ги воведоа западните земји и застана зад него“,
пишува Си-ен-ен.
Исто така, исходот до кој води овој модел директно влијае на неговата политичка репутација, особено затоа што за нешто повеќе од еден месец, поточно на 16 октомври, го чека 20-от конгрес на Комунистичката партија, на кој ќе се одлучи дали ќе да биде назначен за лидер на земјата за уште пет години.

Се планира овој историски успех на Си да биде потврда за целото негово правилно раководење со Кина во изминатите години, но тој навистина нема да постои доколку коронавирусот продолжи да ја мачи оваа водечка економија.
„Партијата сака да се обезбеди себеси и својот лидер. Тие се свесни дека голема епидемија може потенцијално да ја загрози социјалната стабилност и сериозно да му наштети на кредибилитетот на Си“,
изјави за Си-ен-ен Јанжонг Хуанг, виш соработник за глобално здравје во Советот за надворешни работи на Кина.
Лични конфликти со критичарите
Исто така, Си е практично принуден да ја оправда својата стратегија, бидејќи во изминатиот период предизвика гнев кај голем дел од граѓаните, но и сериозни економски загуби. Како одговор на протестите, кинескиот лидер често влегуваше во личен конфликт со критичарите.

„Одлучно ќе се борам со секој кој се сомнева или потценува во ефективноста на нултата стратегија“,
рече Си во една изјава
Поради наративот на Си, стратегијата беше сфатена многу сериозно од локалните функционери, кои со нејзино применување покажуваат лојалност кон партијата, кон Си и си ги обезбедуваат сопствените кариери.