Се очекува лидерот на Северна Кореја да се сретне со кинескиот претседател Си Ѓинпинг, како и со рускиот претседател Владимир Путин, кој исто така ќе присуствува на парадата
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг ун, денеска го напушти Пјонгјанг и со специјален воз се упати кон Пекинг, каде што се очекува да присуствува на кинеската воена парада која ќе се одржи на 3 септември по повод 80-годишнината од формалното предавање на Јапонија во Втората светска војна.

Специјалниот воз што го носи севернокорејскиот лидер ќе пристигне во Пекинг по патување кое ќе трае 20 до 24 часа, а неговото пристигнување во кинеската престолнина се очекува на 2 септември.
Ова е првпат Ким Џонг ун да присуствува на голем мултилатерален дипломатски настан.
Се очекува лидерот на Северна Кореја да се сретне со кинескиот претседател Си Ѓинпинг, како и со рускиот претседател Владимир Путин, кој исто така ќе присуствува на воената парада.
Официјалната кинеска новинска агенција Синхуа објави дека на парадата ќе присуствуваат 26 странски лидери, вклучувајќи го и српскиот претседател Александар Вучиќ.