Од СВР Тетово за „360 степени“ потврдуваат дека имало застој и велат дека метежот настанал бидејќи многу граѓани речиси истовремено тргнале да си одат од Маврово. На терен се испратени дополнителни полициски екипи да го регулираат сообраќајот
Километарска колона од возила со часови е заглавена на патот во Маврово. Граѓани на социјалните мрежи сведочат дека повеќе од три часа се во своите возила и не можат да поминат, а дел пак реагираат дека се пренасочуваат да кружат околу езерото.
Како што пренесе „Телма“, дел од граѓаните се жалат дека резервоарите за гориво им се при крај, а полицијата ги пренасочува да се враќаат од кај Леуново и Никифорово бидејќи нема услови за движење од другата страна.

Од СВР Тетово за „360 степени“ потврдуваат дека имало застој и велат дека метежот настанал бидејќи многу граѓани речиси истовремено тргнале да си одат од Маврово. Објаснуваат дека секоја година во зимскиот период се прави кружен тек, но некои возачи не ги почитуваат препораките што доведува до поголем сообраќаен хаос. Потенцираат дека на терен се испратени дополнителни полициски екипи да го регулираат сообраќајот и дека во моментов движењето се одвива со побрзо темпо.