Досега неколкупати се споменуваше евентуален состанок меѓу Зеленски и Путин, но никој не можеше да потврди дали ќе дојде до него

Советникот на претседателот на Украина, Михаило Подољак, денеска изјави дека претседателот Вolodimir Зеленски најверојатно ќе се сретне со рускиот лидер Владимир Путин дури по „очекуваната голема битка за источен Донбас“.
„Украина е подготвена за големи битки. Украина мора да победи, особено во Донбас. И потоа Украина ќе добие помоќна преговарачка позиција, од која може да диктира одредени услови. Потоа ќе се сретнат претседателите. Тоа може да потрае две или три недели“,
изјави Подољак.
Украинските функционери соопштија дека очекуваат голема офанзива во Донбас од страна на Русија, која најави промени во воената стратегија фокусирајќи се на истокот од земјата.
За потсетување, досега неколкупати се споменуваше евентуален состанок меѓу Зеленски и Путин, но никој не можеше да потврди дали ќе дојде до него.
„Зеленски е подготвен за состанок, но Путин мисли дека одржувањето на овој состанок на ниво на лидери се уште не е доволно блиску“,
соопшти украинската страна од порано.