Западниот дел на Украина беше во состојба на готовност за воздушен напад, кој започна околу 03:00 часот по локално време
Во раните утрински часови, градот Лавов во западна Украина беше потресен од експлозии, а локалните власти соопштија дека системи за противвоздушна одбрана биле вклучени во одбивањето на рускиот воздушен напад.
И градоначалникот на Лавов, Андриј Садовји и регионалниот гувернер Максим Козитски ги повикаа луѓето да останат во засолништа бидејќи се очекуваат нови напади.
„Се запали покривот на индустриски магацин во еден од квартовите на Лавов. Еден 26-годишен маж е хоспитализиран откако бил извлечен од урнатините со отворена скршеница на екстремитет“,
информира градоначалникот.
Западниот дел на Украина беше во состојба на готовност за воздушен напад, кој започна околу 03:00 часот по локално време.
Украина: Уништивме 27 од 30-те беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта
Украинската противвоздушна одбрана уништи 27 од 30-те беспилотни летала кои Русија ги лансираше во текот на ноќта, како и балистичката ракета „Искандер“, соопштија утрово на Телеграм воздухопловните сили. На истокот од земјата бил соборен и извидувачки дрон.
Во извештајот се вели дека проектилот бил лансиран од окупираниот Крим, додека беспилотните летала биле уништени на југот, центарот и западот на земјата.