Русија соопшти дека нејзините единици за воздушна одбрана ноќеска уништиле 251 украински дрон, претежно над југозападниот дел од земјата, од кои 61 биле пресретнати над Црното Море. Едно од беспилотните летала, како што се тврди, било насочено кон Москва
Илјадници корисници од рускиот регион Белгород останале без електрична енергија откако украинските сили извршиле гранатирање на енергетската инфраструктура, изјавил денеска гувернерот на овој регион кој се граничи со Украина, пренесуваат светските агенции.

Во Белгород, главниот град на регионот што граничи со Украина, живеат над 320 илјади лица.
Според гувернерот Вјачеслав Гладков, иако инженерите и службите за итни случаи до денеска наутро го вратиле снабдувањето со електрична енергија за околу 34 000 корисници, околу 5 400 во 24 општини сè уште немаат струја.
Белгород и другите области што граничат со Украина се постојана цел на прекугранично гранатирање и напади со беспилотни летала, откако војната што ја започна Москва против Киев во 2022 година се прелеа на руска територија, нарушувајќи го цивилниот живот и оштетувајќи ја клучната инфраструктура.
Meanwhile in Russia’s Belgorod right now pic.twitter.com/KKPnEv6B34
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) October 5, 2025
Засега нема коментар од Киев во врска со руските наводи за нападот.
Инаку, двете страни во војната тврдат дека целта на нападите на противничката територија е да ја уништат инфраструктурата што е клучна за воените активности.
Гувернерот не ја прецизира точната локација на нападот или обемот на штетата, наведувајќи дека регионалните службеници сè уште ја проценуваат ситуацијата на терен.
Explosions reported in Belgorod, where a thermal power plant was hit. Local Russian sources say the city lost power following the strike. pic.twitter.com/Hu4VAUPN3J
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) October 5, 2025
Русија соопшти дека нејзините единици за воздушна одбрана ноќеска уништиле 251 украински дрон, претежно над југозападниот дел од земјата, од кои 61 биле пресретнати над Црното Море. Едно од беспилотните летала, како што се тврди, било насочено кон Москва.
Министерството за одбрана на Русија ги објави овие информации на апликацијата за размена на пораки Телеграм, но без официјални детали за евентуални штети. Имено, Министерството само го наведе бројот на соборени дронови, но не и колку биле лансирани од страна на Украина.
Во меѓувреме, украинските новински канали на Телеграм објавија дека избувнал голем пожар, откако било погодено складиште за нафта во Феодосиј, на брегот на Крим, покрај Црното Море.
Медиумската куќа РБК-Украина објави дека како резултат на нападот експлодирал резервоар за гориво во складиштето.
Новинската агенција Ројтерс објави дека засега не може да ги потврди извештаите за нападот врз Феодосија од независни извори.
Инаку, еден ден претходно, Полска и сојузниците на НАТО мобилизираа борбени авиони и ги ставија копнените сили во состојба на висока готовност откако Киев објави дека Русија започнала нов бран воздушни напади низ Украина, вклучително и во регионот Лавов, во близина на границата со Полска.
Овој потег доаѓа речиси еден месец откако рој руски дронови влегоа во полскиот воздушен простор, што го принуди НАТО да активира дел од своите борбени авиони за да пресретнат и соборат дел од беспилотните летала.