57 годишна жена менувала стара со нова – 12 литарска плинска боца, при што се здобила со повреди и била пренесена во Општата болница во Кичево

Експлозија при менување на плинска боца се случила вчера во Кичево.
57 годишна жена менувала стара со нова 12 литарска боца, при што се здобила со повреди и била пренесена во Општата болница во Кичево.
„На 01.08.2025 година во 11:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека Р.М.(57) од Кичево која во својот дом на улицата ќВлашки патќ, менувала стара со нова 12 литарска плинска боца, предизвикала експлозија. Притоа, Р.М. се здобила со повреди и била пренесена во Општата болница во Кичево за укажување на помош. Увид на местото извршија полициски екипи“,
соопшти МВР.