Возач од Кичево со својот автомобил удрил во мечка ноќеска на автопатот Тетово-Скопје, а при инцидентот нема повредени луѓе. Од ударот е усмртена мечката.
„Ноќеска во 2:20 часот, на автопатот Тетово-Скопје, во близина на месноста Карпалак, патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Ф.О. од Кичево, удрило и усмртило мечка. Нема повредени лица во возилото“,
соопшти денес портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
На местото на несреќата увид извршила и екипа од СВР Тетово.