Поранешната претседателка на ДКСК, Димитровска на 25 јули поднесе оставка во која се повика на чл. 14 став 1 алинеја 1 од Законот за спречување на корупција без друго образложение. На 29 јули Собранието ја констатираше нејзината оставка
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувања донесе одлука за распишување јавен оглас за именување на нов претседател и член на Државната комисија, по оставката на претходната антикорупционерка, Татјана Димитровска.

Димитровска поднесе оставка на 25 јули, во која се повика на чл. 14 став 1 алинеја 1 од Законот за спречување на корупција без друго образложение.
Неколку дена претходно Обвинителството за гонење организиран криминал поднесе обвинение против неа за две кривични дела – за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ „Неготино“, Небојша Стојановиќ, обвинет во „Адитив“, и за компјутерски фалсификат затоа што ревизор од ДЗР во нејзино име го положил тестот за сертификат за државна тајна.
На 29 јули Собранието ја констатира нејзината оставка.
Престанокот на функцијата претседател или член на ДКСК е пропишан во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересот, според кој, функцијата престанува пред истек на мандатот во случај – да поднесе оставка, трајно ја изгуби способноста за вршење на функцијата, што го утврдува Собранието, е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци или настапи негова смрт.
Престанокот на функцијата член или претседател на ДКСК го констатира Собранието.