На денешната владина седница беше разгледана информацијата на Агенцијата за млади и спорт за потребата од основање самостојна независна Агенција за анти-допинг.
„Владата ја задолжи Агенцијата за млади и спорт во рок од шест месеци да иницира и оствари координативни средби со претставници на националните анти-допинг организации на земјите од непосредното соседство и Светската анти-допинг агенција (WADA) со цел размена на искуства од кои ќе произлезат препораки за најдобра пракса согласно релевантни индикатори по што ќе изготви компаративна анализа со можни решенија и препораки за организациска поставеност и фискални импликации заради основање на Агенција за анти-допинг“,
информираат од владината прес-служба.
Основање на Агенција за анти-допинг произлегува и од обврските од Меѓународната конвенција за борба против допингот во спортот на УНЕСКО што земјава ја потпиша во 2008 година.