На државната граница меѓу С.Македонија и Србија, на преминот Табановце ќе има само еден, заеднички пункт на кој ќе се врши пасошка контрола. Договорот со кој значително се намалуваат бирократските процедури и се забрзува протокот на возила, односно се намалува можноста за каков било застој, денеска во Белград го потпишаа шефовите на македонската и српската полиција, Спасовски и Стефановиќ.
Ова ќе значи брзо минување на границата, не само на граѓаните, туку и на стопанството, бидејќи драстично ќе се намали времето на чекање на преминот, констатираа двајцата министри за внатрешни работи.