Според него, Трамп сега има можност да ја запре антируската политика што САД ја има со години наназад
Заменик-амбасадорот на Русија во Обединетите нации, Дмитриј Полјански одговори на пораките на американскиот претседател Доналд Трамп упатени кон Москва, дека ако не се запре војната во Украина, Русија ќе се соочи со високи нивоа на даноци, тарифи и санкции.
Во изјава за Ројтерс рече дека Кремљ прво треба да го разгледа предлогот на Трамп за склучување на договор и со тоа за ставање крај на војната во Украина, па потоа да даде мислење или конечна одлука.

„Прво треба да видиме што значи договор за Трамп, што содржи тој негов предлог, па потоа да одлучиме. Не се работи само за завршување на војната, тоа е и прашање за решавање на основните причини за украинската криза“,
рече Полјански.
Според него, Трамп сега има можност да ја запре антируската политика што САД ја има со години наназад.
Американскиот претседател Доналд Трамп предлага да се воведат дополнителни санкции кон Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин не прифати мировни преговори за ставање крај на војната во Украина.