Полицијата го прнајде и го казни, скопсјанецот Б.А. од Арачиново кој ја загрози сигурноста на граѓаните возејќи се со својот автомобил на плоштадот во Скопје.
„Министерството за внатрешни работи соопшти дека вечерва околу 19 часот е пронајден и санкциониран Б.А. од Арачиново, кој со патничко возило се движел по плоштадот во Скопје и ја загрозил сигурноста на присутните граѓани“,
информира МВР.
Велат дека и во наредниот период најостро ќе ги санкционираат сите кои ќе го нарушат јавниот ред и мир и ќе ја загрозат безбедноста на граѓаните.