Две илјади евра казна доби 46-годишен жител на Кочани бидејќи се обидел да излезе од државата со лажна потврда за негативен ПЦР-тест за ковид-19.
Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог за издавање казнен налог бидејќи сторил кривично дело фалсификување исправа откако на 14 март, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетиот се обидел да излезе од државава употребувајќи лажна потврда за негативен ПЦР-тест за коронавирус.
„Иако не се тестирал и знаел дека не поседува сертификат од наведената лабораторија, тој лажната исправа ја употребил како вистинска“,
стои во соопштението.
Надлежниот јавен обвинител му предложил на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетиот да изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да бие определена на 20 евра во денарска противвредност.