Во пожарот зафатени беа покривот и таванот на административната зграда, кат од зградата на лабораторијата, трафостаница, багер, резервоар за вода и магацин за алат, сите во сопственост на правно лице, а по извршениот увид, од полициски службеници од Единицата за насилен криминал, на службен разговор во полициска станица биле повикани повеќе лица
Триесет и пет годишно лице од Кавадарци е осомничено дека го предизвикало пожарот кај фабрриата ОХИС пред два дена. Според МВР, тој околу 16 часот во четвртокот го предизвикал пожарот додека заварувал ограда во кругот на фабриката.
Во пожарот зафатени беа покривот и таванот на административната зграда, кат од зградата на лабораторијата, трафостаница, багер, резервоар за вода и магацин за алат, сите во сопственост на правно лице, а по извршениот увид, од полициски службеници од Единицата за насилен криминал, на службен разговор во полициска станица биле повикани повеќе лица.
„По целосно документирање на случајот против С.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“, казниво по член 288 од Кривичниот законик“,
се наведува во соопштението на МВР.