По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава
Кавадарчанец е пријавен дека со воздушна пушка пукал во домашно милениче – куче, сопственост на друго лице, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес.

„Вчеравечер во 19 и 20 часот во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кавадарци е извршен службен разговор со Ѓ.К. (46) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека со воздушна пушка пукал во куче, домашен миленик на И.М. (62), исто така од Кавадарци“,
велат од СВР Велес.
Од полицијата соопштија пушката му е одземена.
По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Од Здружението „Лина – Спаси живот, добиј живот, помогни им на животните“ на социјалната мрежа Фејсбук информираа за случајот, посочувајќи дека во Кавадарци, во приватен двор е пукано со пушка во куче, сопственот на друго лице.
„Кучето е со прострелна рана и однесено е на ветеринар во Кавадарци, по што ќе биде префрлено во Скопје на понатамошно лекување“,
соопштија од Здружението.
Оттаму апелираат до надлежните институции да бараат највисока санкција за сторитетелот на ова дело, согласно Кривичниот законик за убивање и мачење животни.