Лидерот на Беса рече дека Заев не се консултирал со него пред да каже дека ќе даде оставка. За мнозинството вели дека очекува да се зголеми со пратеници од опозицијата, а за Владата рече дека треба да има реконструкција
Лидерот на Беса, Билал Касами, кој заминува од Собранието бидејќи стана градоначалник на Тетово, смета дека Владата, во која и тој е коалициски партнер, треба да продолжи со работа.
Во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 истакна дека оваа Влада има мандат од изборите во 2020 година и треба да продолжи со работа, а додаде и дека приоритет е интеграцијата во Европската Унија.
За Заев рече дека не се консултирал со него.
„Заев не се консултираше со партнерите во коалицијата пред да каже јавно дека ќе даде оставка. Ќе се сретнам со него и ќе разговараме“,
посочи Касами.
Според него, треба да има и реконструкција на Владата.
„Треба да има промени. Не сме сигурни дали ќе гласаме за сите министри на ДУИ“,
рече Касами.
Зборувајќи за мнозинството, лидерот на Беса истакна дека очекува актуелното владино мнозинство да се зголеми, односно пратеници од опозицијата да се приклучат на мнозинството.
„Мислам дека тоа ќе се случи. Имаме силна поддршка од Вашингтон“,
посочи Касами.