Лидерот на Беса ја оцени како потценувачка иницијативата на ДУИ за премиер Албанец
Целта на стапување на Беса во предизобрна коалиција со СДСМ не е освојување повеќе гласови, туку соединувањето во еден глас околу понатомошното патување на Северна Македонија кон интеграцијата во НАТО и ЕУ, вели лидерот Биљал Касами чија партија на претстојните избори ќе настапи во коалиција со владејачката партија.
„Двата гласа на Движењето Беса од опозиција беа клучни за Македонија да ги реализира уставните промени каде ние воведовме и некои прашања за Албанците и се договоривме со СДСМ во и личните карти да биде наведена и етничката припадност, во овој случај албанска припадност. Ова беше тоа што не’ потикна дека и покрај големи противења меѓу нас и СДСМ, ние оценивме дека со СДСМ може да го реализираме тоа за што ќе се договориме, затоа што од друга страна беше можноста, опцијата да се врати уште еднаш владењете меѓу ВМРО и ДУИ, нешто што не го посакуваат Албанците. Најмногу, во ова коалиција сме заради финализирање на процесот на интеграција во ЕУ“,
вели Касами во интервју за МИА.
За иницијативата на ДУИ за премиер Албанец, Касами смета дека е потценувачка, бидејќи како што вели, во изминатите 18 години од кога е ДУИ на власт, корумпираните функционери и меѓуетничките тензи биле заштитен знак на оваа партија.
