Биљал Касами, лидерот на Движење Беса и кандидат за градоначалник на Тетово вечерва од Желино истакна дека оваа општина е пример за успешно менаџирање како што рече, благодарение на досегашниот градоначалник и кандидат за уште еден мандат, Блерим Сејдиу.
„Тука сме да го побараме вашиот глас за нашите кандидати со кои се гордееме, не дека се најмлади, туку дека се подготвени професионално, морално, доаѓаат од вас за да ви служат вас. Освен во Желино, Блерим, успеа да реализира проект и за Општина Тетово. Направи пат, а излегува да се фотографира Теута Арифи. Блерим има готов проект за рециклирање на сметот. За да се реализира тој проект ни треба поддршка на почетокот од Општина Желино, потоа Теарце, Тетово, Боговиње, Врапчиште, Гостивар и сите тетовски општини. Сега со поддршка на централната власт многу брзо ќе се реализира проект за изградба на Центар за култура. Тоа не се реализираше зашто беше опозициски градоначалник“,
рече Касами.
Блерим Сејдиу, кој досега беше градоначалник, истакна дека имал пречки во раководењето со општината, но поставил модел за работа според кој Беса ќе ги раководи и Тетово, Теарце, Боговиње и други.
„Ние не бараме мандат за личен каприц, никој не бара индивидуален мандат, ние ви служиме вас, целосно сме биле во служба за вас во изминативе години. Во општина Желино за осум години колку што тие беа на власт, не може да се споредат со четири години на наше владеење. Спроведовме морал, етика, успех, ја направивме општина за пример, од пропадната општина станавме прва општина на републичко ниво во реализација на проекти. Има уште многу за работење, имаме план програма и за идните четири години. Ако во овие четири години без централна власт достигнавме толку многу, замислете вие колку повеќе проекти ќе можеме да реализираме, ќе се гордеете со нас и нема за застанеме тука, додека и последниот граѓанин не го направиме горд на нас“,
рече Блерим Сејдиу пред жителите на населените места од Општина Желино.
Пред присутните се обратија и носителот на листата и дел од кандидатите за советници, како и генералниот секретар на партијата, Арианит Хоџа.