Се додека не излезе пред јавноста и да каже кој е неговиот став, јас може да претпоставувам. После ова што се случи 24 часа да не биде после ова не 61, власта со вакви механизми може да обезбеди и 120 гласа, рече лидерот на Беса
Власта со вакви механизми може да обезбеди и 120 гласа. Ова веќе е делегитимација затоа што со криминални акти и механизми се обезбедуваат гласови за да не падне оваа криминална власт, изјави вечерва претседателот на БЕСА, Биљал Касами, посочувајќи дека исчезнувањето на Кастриот Реџепи го пријавил во полиција, заедно со неговоото семејство – сопруга, мајка и син.
„Оваа власт станува криминална. Пратеник на Собранието на Република Македонија да исчезне 24 часа и никој да нема информации каде се наоѓа, ова веќе не се работи за евроинтеграции. Не се работи за власт и опозицијата, се работи за животот на луѓе. Значи, човекот, пратеник со имунитет и неговото најблиско семејство- сопруга, мајка и син. Затоа повикувам до премиерот и до сите власти да најдат каде е пратеникот и да објаснат зошто пратеник на Собранието на Северна Македонија 24 часа не е достапен и не е слободен да се движи согласно тоа што му го обезбедува Уставот и Законот“,
изјави Касами, вечерва пред Собранието.