Населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани се без електрична енергија поради испад во трафостаница

Веќе два часа поголем дел од општина Карпош е без електрична енергија. Населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани се без електрична енергија поради испад во трафостаница.
Излезени се екипи на терен и работат на поправка на дефектот.
„Поради испад во трафостаница без електрична енергија е поголем дел од општина Карпош и тоа населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани. Од ЕВН нè информираа дека нивните екипи се веќе на терен и работат на поправка на дефектот“,
соопштија од Општина Карпош.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи граѓани пишуваат дека на одредени места имаат струја, а на други дека електрична енергија имало, па повторно снемувало.