Државите каде што е забележано поизразено дневно зголемување на пациенти со коронавирус се ставени на т.н. „црвена листа“ на епидемиолошки несигурни земји, каде што е веќе и Северна Македонија.
Словенечката Влада ги заостри условите за влез на патниците од „трети“ држави, односно од држави кои не се членки на ЕУ, така што од полноќ нема да може да се влезе во земјата од Босна и Херцеговина, Србија и Косово без 14-дневен карантин или негативен тест на ковид-19.
Државите каде што е забележано позначително дневно зголемување на пациенти со коронавирус се ставени на т.н. „црвена листа“ на епидемиолошки несигурни земји, каде што е веќе и Северна Македонија.
Бугарија, која досега беше на „зелениот список“, е испратена на понизок „жолт список“, во кој се вклучени и неколку други земји на ЕУ со полоша епидемиолошка состојба, одлучи Владата во Љубљана.
Министерот за внатрешни работи Алеш Хојс рече дека тоа е сторено поради ризик од внесување на коронавирусот во Словенија и опасност од евентуален втор бран на епидемијата.