Ова бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана го изјави за бугарската телевизија „Нова“.
Според Каракачанов, Македонија имала шанса да одреди датум за разговори уште во ноември минатата година, но, како што вели, не сакала да ја искористи шансата.
Бугарија не стави вето, туку едноставно рече дека Скопје не е подготвено за датум за преговори, нагласи Каракачанов.
Бугарскиот вицепремиер истакна дека Бугарија е „за“ проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, но говорот на омраза кон се што е бугарско било она што загрижува.
„Омразата се заснова на грубо и грозоморно фалсификување на историјата“,
смета Каракачанов.