На поранешниот претседател на Советот на Општина Гостивар и в.д градоначалник сега му следува цел мандат

Според досега пребројаните гласови од повторените избори за градоначалник на Гостивар, Валбон Лимани има убедливо водство пред противкандидатот Невзат Бејта, покажуваат податоците објавени на официјалната страница на Државната изборна комисија.
Лимани, кој настапува со поддршка на коалицијата поврзана со Арбен Таравари и Демократската унија за интеграција, има значајна предност во однос на Невзат Бејта, кандидат на коалицијата ВЛЕН.
Според последните објавени бројки, Лимани освојува над 61 процент од гласовите, додека Бејта освоил околу 30 проценти поддршка.
Во Гостивар досега се преброени гласовите од 113 од вкупно 121 избирачко место, со излезеност од над 78 илјади гласачи.
Лимани ја извршуваше функцијата претседател на Советот на Општина Гостивар во периодот кога Арбен Таравари беше градоначалник. Подоцна, по заминувањето на Таравари во извршната власт, Лимани ја презеде функцијата вршител на должност градоначалник.
На локалните избори минатата година, Лимани не успеа да обезбеди победа, бидејќи му недостигаа 21 глас за да го помине потребниот цензус, иако освои значително повеќе гласови од кандидатот на ВЛЕН.
