На онлајн прес-конференција од неговата резиденција, Трудо рече дека тројца службеници од неговата канцеларија и тројца од обезбедувањето се заразени со коронавирус
Канадскиот премиер Џастин Трудо објави дека е во карантин откако неколку негови соработници се позитивни на ковид-19.
На онлајн прес-конференција од неговата резиденција, Трудо рече дека тројца службеници од неговата канцеларија и тројца од обезбедувањето се заразени со коронавирус.
Објаснувајќи дека редовно се тестирал и ги следел протоколите за јавно здравје, како што е намалување на контактите колку што е можно, Трудо рече:
„Досега ги следев советите. Редовно правев брзи тестови. Досегашните резултати се негативни. Знаете, ако имам позитивен резултат од тестот, со оглед на природата на мојот контакт со мојот персонал, одам во целосна изолација. Се разбира, ќе продолжиме да ги следиме здравствените упатства.“