Информацијата дека Трудо е позитивен на ковид-19 е објавена веднаш по неговото враќање од Лос Анџелес каде што минатата седмица имаше средби со лидерите на Самитот на двете Америки, како и средба со Бајден во четвртокот
Канадскиот премиер Џастин Трудо по вторпат е позитивен на ковид-19, но нема силни симптоми како во јануари, објави бриселскиот портал „Политико“.
„Ќе ги следам упатствата на здравствените експерти и ќе се изолирам. Се чувствувам добро, но тоа е затоа што ги добив вакцините“,
напиша Трудо на Твитер.
Канадскиот премиер е вакциниран трипати. Во јануари годинава ја прими засилувачката доза, за истиот месец да биде позитивен на тестот за ковид-19.
Информацијата дека Трудо е позитивен на ковид-19 е објавена веднаш по неговото враќање од Лос Анџелес каде што минатата седмица имаше средби со лидерите на Самитот на двете Америки, како и средба со Бајден во четвртокот.
Иако вирусот сè уште циркулира во Канада, индикаторите укажуваат на знаци на намален пренос во повеќето региони, објави пред неколку дена агенцијата за јавно здравје.
На национално ниво, стапката на позитивни тестови во лабораторија од 25 до 31 мај се намали на околу 8,4 отсто.