Илјадници од нив, од многубројни европски земји, се заглавени на југот на Англија со денови, а многумина нема да пристигнат во своите домови за Божиќ
Велика Британија започна со тестирање на возачите на камиони кои останаа заглавени на нејзина територија откако повеќе европски земји ги затворија границите за влез на лица од Британија по појавата на мутацијата на коронавирусот. Но, по одлуката на неколку земји од ЕУ да ги дигнат рампите, британските власти почнаа со тестирање на возачите на ковид-19 пред да ја напуштат британската територија.

Возачите на камиони, кои се негативни за ковид-19, ќе можат да се качат на траекти кон Кале. Но нервозата кај возачите поради застојот во сообраќајот и деноноќното чекање резултираше со судири со полицијата во близина на Довер, при што тие бараа што побрзо да преминат во Франција.

Илјадници од нив, од многубројни европски земји, се заглавени на југот на Англија со денови, а многумина нема да пристигнат во своите домови за Божиќ.
