Предвидено е протестните блокади да траат седум дена, со можност во меѓувреме да бидат прекинати доколку се изнајде решение за проблемот. Сепак, според најавите, во овој период нема да има прекин, односно блокада на движењето на патничките возила, автобусите и возилата кои превезуваат лекови, жива стока, опасни материи и други приоритетни пратки
Со ваквиот потег, превозниците со камиони се надеваат ќе успеат да ги натераат инвеститорите од земјите членки од ЕУ кои имаат свој капитал во државите од Западен Балкан, да излобираат во нивните матичнни земји за промена на правилата за престој на транспортерите
Превозниците со камиони утре напладне почнуваат со блокади на граничните премини за товарен сообраќај на сите гранични премини за излез од Македонија, а од полноќ ќе ги блокираат и терминалите за влез во земјава. Причината за ваквиот потег на превозниците, организирани преку Асоцијацијата на превозници „Макамтранс“ се новите правила на Европската Унија (ЕУ) влез и излез во Шенген-зоната, според кои превозниците со камиони од земјите од Западен Балкан ќе се регистрираат како туристи и ќе можат да останат во земјите од ЕУ најмногу до 90 дена во период од 180 дена.

Според најавата за протестот, блокирани ќе бидат терминалите и сообраќаните ленти за камиони на граничните премини „Деве Баир“, „Делчево“, „Ново Село“, „Дојран“, Богородица“, „Меџитлија“, „Ќафасан“, „Блаце“ и „Блато“.
Предвидено е протестните блокади да траат седум дена, со можност во меѓувреме да бидат прекинати доколку се изнајде решение за проблемот.
Сепак, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, додека трае протестот нема да има прекин, односно блокада на движењето на патничките возила, автобусите и возилата кои превезуваат лекови, жива стока, опасни материи и други приоритетни пратки.
„Протестот е предвидено да трае седум дена, со можност да биде прекинат и порано, доколко во меѓувреме дојде до надминување на причините поради кои е организиран. Министерството за внатрешни работи во согласност со своите законски надлежности, ќе преземе соодветни мерки и активности за одржрување на јавниот ред и мир, како и за обезбедување безбеден и непречен сообраќај, со посебен акцент на движењето на патничките возила, автобусите и возилата кои превезуваат лекови, жива стока, опасни метрии и други приоритетни партки“,
велат од МВР за ТВ Сител.
Протестот на македонските камионџии е во координација со нивните колеги од Србија, Босна и Херцеговина (БиХ) и Црна Гора кои исто така ги блокираат граничните премини кои водат кон Шенген-зоната. Тие ја имаат поддршката и од превозниците со камиони и од Албанија, Косово и Турција.
Со ваквиот потег, превозниците со камиони се надеваат ќе успеат да ги натераат инвеститорите од земјите членки од ЕУ кои имаат свој капитал во државите од Западен Балкан, да излобираат во нивните матичнни земји за промена на правилата за престој на транспортерите.
Доколку не се најде решение, компаниите ќе бидат принудени да ангажираат превозници од земјите членки на ЕУ, со што за неколкукратно ќе им се зголемат трошоците за транспрот за стоките.
„Поентата на протестот е да лобираат, бидејќи ние ги молевме две години, ама не нè разбираа“,
вели Билјана Муратовска од Асоцијација на превозници „Макамтранс“ за ТВ Телма.

Камионџиите се надеваат дека странските инвеститори од ЕУ, кои во земјите од Западниот Балкан досега имаат инвестирано десетици милијарди евра, ќе може да излобираат во нивните матични земји промена на правилата за престој на транспортерите од регионот во Шенген-зоната. Во спротивно, велат, се заканува крах на транспортната индустрија во регионот, но и сериозни проблеми во целата економија.
Според неа решението на проблемот е многу едноставно. Таа вели дека во регулативата екипажите на бродскиот, железничкиот и авиопревозот се изземени од системот за престој 90/180, додека од друга страна тој важи за превозниците со камиони.
На забелешката на ЕУ дека правилото 90/180 не е ново и дека и досега било така, Муратовска вели дека правилото е исто, но Шенген-зоната не е. Во изминатите години, како што вели таа во зоната влегоа и Хрватска, а од минатата година и Бугарија и Романија, па сега камионџиите кои работат меѓународен превоз многу брзо ги поминуваат тие 90 дена што им се дозволени.
Од Владата за ТВ Сител велат дека се во постојана комуникација со Брисел и оти работат на изнаоѓање решение за проблемот со транспортерите преку дијалог со партнерските земји и превозниците.
Како настанатата ситуација ќе влијае на македонската економија од Владата наведуваат дека најпогодени ќе бидат компаниите кои се извозно ориентирани, како и фирмите од Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ).
„Анализите покажуваат дека блокадите на граничните премини кон Шенген-зоната ги засега превозниците и економијата, особено компаниите ориентирани кон извозот. Дел од домашните компании директно ќе бидат погодени со блоикирање на транспортот, а исто така и компаниите што работата во Технолошко-индустриските развојни зони, кои, пак, реализираат 100 проценти девизен прилив во Македонија“,
велат од Владата.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски претходно изјави дека една година алармираат за проблемот со транспортерите и со електронската евиденција во ЕУ истакнувајќи дека се работи за огромен економски проблем кој што може целосно да ја колабира македонската и регионалната економија.
Во земјава, како што објави ТВ Сител, има околу 2 700 превозници за меѓународен транспрот, а најголем дел од увозот и извозот се врши со камиони.
