Тензиите кулминираа во 80 минута од натпреварот кога еден од тројцата судиски помошници беше погоден со камен од трибините, а на спротивниот дел од теренот дојде до масовна физичка пресметка меѓу фудбалери и дел од клупскиот персонал на двете екипи
Спортските медиуми јавуваат дека во последно време затегнати се односите меѓу двата клуба – прволигаши
Најмалку двајца фудбалери и еден од судиските помошници се повредени во серијата инциденти што денеска го одбележаа натпреварот од претпоследното коло меѓу Шкендија и Шкупи (0-0) во Тетово.
Хронолошки, инцидентите на дуелот меѓу стариот и новиот шампион започнаа пред градскиот стадион во Тетово. На видеото кое го објави телевизија „Шења“, се гледа фудбалер на гостинскиот тим како лежи на земја пред стадионот, а според неофицијални информации, фудбалерите и стручниот штаб на Шкупи биле нападнати со пиротехнички средства од навивачи на Шкендија.
Инциденти продолжија и на трибините и по воведените неколку минути, натпреварот привремено беше прекинат, откако домашните навивачи почнаа да фрлаат предмети кон гостинскиот голман.
Доцнеше и стартот на второто полувреме бидејќи играч на Шкупи од трибините беше погоден со камен во главата.
Тензиите кулминираа во 80. минута од натпреварот кога еден од тројцата судиски помошници беше погоден со камен од трибините, а на спротивниот дел од теренот дојде со масовна физичка пресметка меѓу фудбалери и дел од клупскиот персонал на двете екипи.
По неколкуминутен прекин, натпреварот продолжи.
Претходно, полицијата на излезот од Скопје спречи поголема група навивачи на Шкупи да заминат за Тетово.
Спортските медиуми јавуваат дека во последно време затегнати се односите меѓу двата клуба – прволигаши.