Сајбер-напаѓачот ја искористил интернет-врската меѓу готската катедрала и компанијата која управува со камбаните во вторникот вечерта, и успеал да дојде до системот кој ги контролира ѕвоната на двете кули на виенската знаменитост, соопштија од катедралата
Жителите на центарот на Виена ноќта меѓу вторникот и средата биле разбудени од ѕвонењето на камбаните на катедралата „Свети Стефан“. Причина е хакерскиот напад врз компјутерскиот систем кој управува со ѕвоната.
Сајбер-напаѓачот ја искористил интернет-врската меѓу готската катедрала и компанијата која управува со камбаните во вторникот вечерта, и успеал да дојде до системот кој ги контролира ѕвоната на двете кули на виенската знаменитост, соопштија од катедралата.
Ѕвонењето траело околу 20 минути додека луѓето од катедралата не успеале да интервенираат со сопствен компјутер за да го вратат ноќниот мир на своите сограѓани.
„Им се извинуваме на сите што се разбудиле“,
изјави портпаролот на Виенската надбискупија.
Засега ништо не се знае за заднината на хакерскиот напад, пренесе Хина.