Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика нагласи дека ваквото сериозно нарушување на европскиот воздушен простор ја зајакнува решеноста на ЕУ за уште поголема поддршка за Украина и украинскиот народ во одбраната од Русија
Европската Унија го осуди нарушувањето на полскиот воздушен простор од страна на руските беспилотни летала и вети дека ќе ја засили поддршката за Украина.
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, го опиша чинот како агресивен и дел од сериозната ескалација од страна на Русија, што, како што рече, претставува закана за безбедноста на граѓаните на ЕУ, регионалната стабилност и меѓународниот мир.

Калас нагласи дека ваквото сериозно нарушување на европскиот воздушен простор само ја зајакнува решеноста на ЕУ за уште поголема поддршка за Украина и украинскиот народ во одбраната од Русија.
„Значително ќе ги засилиме на санкциите врз Русија и нејзините поддржувачи. Исто така, ќе работиме со нашите меѓународни партнери за да извршиме притисок врз Русија да ја заврши оваа војна“,
изјави Калас.
Додаде дека ЕУ изразува целосна солидарност со Полска и оти продолжува да обезбедува неопходна поддршка за заштита на нејзината источна граница и останува во постојан близок контакт со полските власти.