„Северна Македонија беше првата во регионот што потпиша безбедносно и одбранбено партнерство со ЕУ – и прва што имаше корист од нашиот План за раст за Западен Балкан“, напиша на Икс високата претставничка на ЕУ
Откако вчера го посети Скопје и се сретна со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас на социјалната мрежа Иск порача дека земјава припаѓа на европското семејство и оти е неоходно да продолжи напред кон европскиот пат.

„Задоволство е да се биде во Скопје. Северна Македонија беше првата во регионот што потпиша безбедносно и одбранбено партнерство со ЕУ – и прва што имаше корист од нашиот План за раст за Западен Балкан. Припаѓа на нашето европско семејство. Сега е од суштинско значење да продолжи на патот кон ЕУ“,
напиша таа на Икс.
На вчерашната прес-конференција, одговори и на прашањето дали и кои се механизмите на Брисел за конечна деблокада на интеграцијата на С Македонија во ЕУ, за што рече дека има можност нешто да се направи.
Посочи дека на состанокот со премиерот се разговарало и за потенцијалните механизми за надминување на пречките во преговорите, но не сакаше да открие повеќе детали.
За време на вчерашната посета на Скопје, таа учествуваше и на отворањето на дијалогот за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија во рамките на Партнерството за безбедност и одбрана, а го посети и седиштето на Балканската медицинска наменска сила во касарната „Илинден“.
A pleasure to be in Skopje.
— Kaja Kallas (@kajakallas) May 23, 2025
North Macedonia was the first in the region to sign security and defence partnership with the EU — and the first to benefit from our Growth Plan for the Western Balkans.
It belongs in our European family. Now it's essential to proceed on the EU path. pic.twitter.com/qFZI8ROFlk