Тој сподели фотографија на Фејсбук како заедно со премиерот Ковачевски седат на скалите на една од зградите во Прага каде денеска се одржува првиот состанок на Европската политичка заедница, што кај Вучиќ очигледно разбудило спомени од студентските денови
Со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, како во студентските денови, додека го чекаме следниот состанок, напиша српскиот претседател, Александар Вучиќ на Фејсбук.
Тој сподели фотографија како заедно со премиерот Ковачевски седат на скалите на една од зградите во Прага каде денеска се одржува првиот состанок на Европската политичка заедница, што кај Вучиќ очигледно разбудило спомени од студентските денови.
На самитот учествуваат вкупно 44 шефови на држави и влади од Европа, а на официјалната пленарна сесија воведно обраќање имаше чешкиот премиер Петр Фиала, како домаќин на самитот. Тој истакна дека овој собир е значаен со оглед дека за прв пат учествуваат шефовите на државите и влади од европскиот континент во пошироката смисла и заборуваат на рамноправна основа.
Во делегацијата на земјава предводена од премиерот, Димитар Ковачевски се и шефот на дипломатијата, Бујар Османи и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Целта на состанокот е да се дејстува заеднички, со што ќе се акцентира важноста од дијалогот за мир и безбедност, како и потребата од заеднички решенија за диверзификација на изворите за снабдување со енергенси.
Покрај официјалната пленарна сесија, како дел од агендата на учесниците на самитот се и голем број билатерални состаноци, а паузата меѓу една до друга средба Ковачевски и Вучиќ решиле да ја поминат дружејќи се неформално, во студентски манир – седнати на скали.