Од почетокот на војната во Украина, Пекинг одбива да воведе санкции кон Русија, нарекувајќи ги нелегални, а трговијата меѓу двете земји скокна за неверојатни 12,75 отсто само минатиот месец
Во моментов, околу 17 отсто од трговијата меѓу Русија и Кина го користи кинескиот јуан како официјална валута за плаќање, според извештаите на руските статистички компании. Некои извештаи дури сугерираат дека неколку кинески компании користеле јуани за да купат руски јаглен и нафта во претходниот месец
Податоците на кинеската царинска служба покажуваат дека трговската размена меѓу Кина и Русија во март пораснала за дури 11,7 милијарди долари. Кога станува збор за првиот квартал од годинава, забележан е раст на трговската размена за 30,45 отсто во однос на истиот период лани.
За гасот – повикај пријател
Од почетокот на војната во Украина, кинеските власти одбиваат да го користат зборот „инвазија“, како и да ја осудат агресијата врз Украина. Санкциите воведени од западните земји беа оценети како незаконски, поради што Кина нема да прибегне кон ваква драстична одлука.
Русија е главниот извор на Кина на нафта, јаглен, гас и земјоделски стоки. Непосредно пред почетокот на војната, Кина и Русија објавија дека влегуваат во стратешко партнерство „без граници“. Така, Кина би можела барем делумно да ги ублажи проблемите на Русија предизвикани од западните санкции.

Иако Европската унија како целина останува убедливо најголемиот трговски партнер на Русија, Кина јасно ја изрази својата подготвеност да ја продлабочи соработката во секој аспект.
Кина е еден од најголемите пазари за руска нафта, гас и јаглен.
Само една недела пред инвазијата на Украина, двете земји се договорија за нов договор за јаглен во вредност од повеќе од 20 милијарди долари.
Путин ги претстави и новите руски договори за нафта и гас со Кина во вредност од 117,5 милијарди долари.
Двете земји имаат за цел да изградат нов гасовод. Постојниот започна со работа во 2019 година, кога беше потпишан 30-годишен договор вреден повеќе од 400 милијарди долари.
Сепак, досега најголемиот енергетски пазар во Русија беше ЕУ, имајќи предвид дека Русија доставува 40 отсто од својот гас за земјите-членки на ЕУ и околу 26 отсто од нафтата. И ова е пазар што Кина може да го компензира, во случај на намалување на снабдувањето со енергија во Европа, па дури и целосно суспендирање.
Лидерите на Европската унија веќе најавија дека планираат постепено да ја намалуваат зависноста од руската енергија, а процесот, според сегашните планови, ќе биде завршен до 2030 година.
Помош за банките
Друга област во која Кина може да биде спас за Русија е банкарскиот систем. Еден дел од санкциите на Западот се однесуваат на меѓународниот платен систем СВИФТ, од кој Русија беше исклучена.
Ова ги принуди компаниите во Кина, но и во другите делови на светот, да ги намалат купувањата од Русија додека не се стабилизира платниот систем. Сепак, Кина и Русија со години работат на поттикнување алтернативни начини на плаќање.

Русија има свој систем за финансиски пораки (СТФМ), додека Кина има систем на прекугранични меѓубанкарски плаќања (ципс), кои работат во свои валути.
Во моментов, околу 17 отсто од трговијата меѓу Русија и Кина го користи кинескиот јуан како официјална валута за плаќање, според извештаите на руските статистички компании. Некои извештаи дури сугерираат дека неколку кинески компании користеле јуани за да купат руски јаглен и нафта во претходниот месец.
Храна
Кина е и главен увозник на житарки како пченица и јачмен, а најважна локација од каде доаѓаат овие производи е Русија – еден од најголемите светски производители.

Кина до неодамна воведуваше ограничувања за увоз на пченица и јачмен од Русија, но сите беа укинати на денот кога започна рускиот напад врз Украина.
Како ќе се развива ситуацијата со руските енергетски извори и Европа во иднина засега е неизвесно, со оглед на негативниот став на Германија, Австрија и Унгарија за целосно ембарго, извесно е дека Кина ќе биде еден од најважните партнери на Русија во наредниот период. .