Мнозинството, потенцира тој, и онака е кревко, така што сега треба да се покаже политичка зрелост во интерес на граѓаните
Со онлајн учество на собраниски седници би можело да дојде до злоупотреба на правата на пратениците кои би биле инфицирани од ковид-19, сметаат од колаицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива, оценувајќи дека Собранието има доволно услови за работа и во ситуација на епидемија со ковид-19, така што се што треба е добра комуникација помеѓу власта и опозицијата.
„Нашиот одговор и на координацијата беше човечки. Може ли некој во таква здравствена состојба да се вклучи онлајн. Што ако е поставен на респиратор? Зарем целата јавност да го гледа како се вклучува во Собрание? Тоа е тешка злоупотреба на граѓанските и здравствените права. Собранието има довоолно услови, се што треба е добра координација меѓу мнозинството и опозицијата,
изјави Скендер Реџепи, координатор на пратеничката група на АА и Алтернатива.
Мнозинството, потенцира тој, и онака е кревко, така што сега треба да се покаже политичка зрелост во интерес на граѓаните.
„Треба да седнат заедно сите политички чинители и да се најде соодветен одговор“,
рече Реџепи.
Наспроти парламентарното мнозинство, кое предлага онлајн да се вклучуваат на седници само пратеници со решение за изолација, за опозицијата е засега неприфатливо законодавниот дом да функционира од далечина.