Граѓаните кои се со позитивен тест на ковид-19 или се во самоизолација треба да достават известување до општинските изборни комисии преку полномошник или електронски до општинската изборна комисија најдоцна пет дена пред денот определен за гласање
Посебните избирачки одбори ќе бидат од посебно значење за лицата кои ќе бидат во изолација поради ковид-19 и кои ќе треба да се пријават да гласаат на локалните избори еден ден претходно на 16 октомври.
Како што кажа, членот на Државната изборна комисија (ДИК), Радица Ристеска, лицата кои се во домашен карантин поради позитивен тест на ковид-19 или на оние кои им е определена мерка самоизолација ќе може да гласаат на ден пред денот определен за избори, 16 октомври.
„Посебните избирачки одбори се составени од тројца здравствени работници, претседател и членови кои го спроведуваат гласањето на овие лица при што политичките партии имаат право да именуваат член во посебниот одбор согласно одредби од Изборниот закони“,
рече Ристеска.
ДИК на денешната седница разгледа и усвои и упатството за пријавување и гласање на лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на ковид-19 и лицата на кои им е одредена самоизолација.
Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, во врска со тоа упатство рече дека граѓаните кои се со позитивен тест или се во самоизолација треба да достават известување до општинските изборни комисии преку полномошник или електронски до општинската изборна комисија најдоцна пет дена пред денот определен за гласање.
„Полномошното лице кое поднесува известување за гласањето на овие лица треба да гласи само на член од потесното семејство, а тие кои немаат член од потесното семејство имаат право да даваат полномошно на друго лице кое може да поднесе известување за гласање најмногу за две лица. Тој кој еднаш се пријавил како полномошник не може уште еднаш да поднесе полномошно од друго лице. При електронското поднесување меил адреса може да се поднесе за најмногу две лица. Во самото пријавување до општинската изборна комисија се поднесува само известување, а комисијата по службена должност прибавува податоци од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за лицата клои се пријавиле за гласање. ДСЗИ во рок од 24 часа треба до општинските изборни комисии да достави известување дали навистина тие лица се со позитивен тест или се во самоизолација“,
рече Шеху.