Хартиени марамчиња, крпи за чистење, маски, ракавици и сличен отпад за еднократна употреба треба да се одлагаат на безбедно во вреќи за еднократна употреба.
Министерството за животна средина и просторно планирање подготви препораки за како да управувате со личен отпад доколку сте во карантин или во самоизолација со лице кое е сомнителен случај на ковид-19.

„Вреќите наполнети најмногу до две третини од нивниот капацитет, спакувани во втора вреќа и убаво затворени, се безбедни за одлагање во вообичаениот контејнер за отпадоци од домаќинството. Другиот отпад од домаќинствата се отстранува на вообичаен начин“,
препорачуваат од МЖСПП.
Дополнително, советуваат дека комуналните работници, односно сите собирачи на отпад е потребно да носат заштитна опрема.
