Високата претставничка на Европската Унија по пристигнувањето на министерскиот самит на ЕУ и Јужното соседство рече оти е добро што американскиот претседател зазема цврст став за Русија
Високата дипломатка на Европската Унија, Каја Калас, го критикуваше рокот од педесет денови што американскиот претседател Доналд Трамп ѝ го даде на Русија да ја запре војната во Украина, опишувајќи го како „предолг“ и рече дека е јасно оти треба да се направи поголем притисок врз Русија за и тие да посакаат да седнат на мировни разговори. Рече, добро е што Американците ги прават овие чекори, и оти се надева дека ќе пратат воена помош за Украина, онака како што прави во моментот Европа.
„Добро е што претседателот Доналд Трамп зазема цврст став кон Русија, но 50 дена е многу долг период, со оглед на тоа што Украинци се убиваат секој ден.“
рече Калас.
Today’s EU–Southern Neighbourhood meeting feels historic.
— Kaja Kallas (@kajakallas) July 14, 2025
Israel and Palestine are around the table.
And for the first time in 11 years, Syria is there too.
My doorstep ↓ pic.twitter.com/MzvcXtnLaa
Трамп се закани дека ќе воведе 100 отсто царини за Русија ако не се согласи на договор за прекин на војната во рок од 50 дена. Тој, исто така, најави таканаречени секундарни санкции за сите земји што продолжуваат да купуваат руска нафта, што подоцна го потврди и Белата куќа.
Но високиот руски функционер Константин Косачев, рече дека тоа воопшто нема да влијае на Русија и оти доколку тоа е сè што Трамп имал да каже за Украина денес, тогаш целиот притисок испарил.
Американскиот претседател Доналд Трамп заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека е многу незадоволен од однесувањето на Москва ѝ се закани на Русија со нови, високи царини ако не се согласи на договор за прекин на војната во Украина во рок од 50 дена.