Едниот од осомничените, по член 215 и 216 од Кривичниот законик, е малолетник
Кај две лица од Кочани, едниот малолетник, ноќеска биле лишени од слобода откако полицијата кајнив пронашла хероин и украдени пари.
Полицијата соопшти дека ноќеска околу 01:10 часот, во близина на манастирчето во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги привеле Ш.М.(32) и малолетник, и двајцата од Кочани, бидејќи кај нив биле пронајдени и одземени хероин и пари кои потекнуват од извршено кривично дело „кражба“.
По насока на јавен обвинител од ОЈО Кочани, по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, по член 215 и 216 од Кривичниот законик, се посочува во соопштението