Угостителските објекти ќе се отворат на почетокот на следната недела, после празниците, доколку в петок се добие позитивно мислење од Комисијата за заразни болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
„Доколку не биде донесена одлука в петок, отворањето на угостителските објекти сигурно ќе биде во текот на првите денови од неделата“,
рече Филипче.
Уште од минатата недела угостителските објекти се подготвуваат за отворање, откако од Владата најавија дека оваа мерка ќе биде дел од втората, транзициска фаза, од олеснување на мерките кои започнаа минатата недела.
Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека предлогот за угостителските објекти е да бидат отворени само терасите, и тоа на десет квадратни метри да има само една маса со четири гости, што според него би било економски неисплатливо за дел од угостителските објекти.
*Поврзани вести
(ФОТО+ВИДЕО) ГТЦ и паркот се преполни, кафулињата се подготвени, маските и растојанието се реткост
