Протести се одржуваат во Белград, Пожега, Ваљево, Бор, Зрењанин, Ивањица, Костолац, Крагуевац, Смедерево, Сремска Митровица, Сомбор, Србобран, Инѓија и Обреновац
Протестите што се одржуваа изминатата недела ги одбележаа судири меѓу граѓаните, од една, и полицијата и поддржувачите на владејачката Српска напредна пратија, од друга страна

Со пораката „Каде застанавме?“, вечерва се одржуваат нови протести во неколку градови низ Србија. Во Белград граѓаните се собраа на три локации – кај земјоделскиот факултет, на кружниот тек кај Градска општина – Нов Белград и споменикот на Вук Караџиќ.
Протести се одржуваат и во Пожега, Ваљево, Бор, Зрењанин, Ивањица, Костолац, Крагуевац, Смедерево, Сремска Митровица, Сомбор, Србобран, Инѓија и Обреновац.
Инаку, протестите што се одржуваа изминатата недела ги одбележаа судири меѓу граѓаните, од една, и полицијата и поддржувачите на владејачката Српска напредна пратија (СНС), од друга страна. На улиците беа повредени повеќе демонстранти и полицајци.
Во Ваљево и во Нови Сад беа демолирани канцелариите на СНС, а во Белград просториите на Српската радикална партија. Десетици демонстранти беа приведени.
Како што јавуваат српските медиуми, и вечерва атмосферата на протестите во повеќето градови е многу помирна, за разлика од претходните денови кога имаше жестоки протести и судири со полицијата.
Студентите во блокада, поддржани од граѓани, мирно протестираа девет месеци поради смртта на 16 лица кога се урна стреата на железничката станица во Нови Сад. Но, сега целта на протестите е поинаква – промена на власта, како и распишување предвремени избори.