Во моментов оваа институцијата функционира со двајца заменик-правобранители, односно со Илбер Руфати од Кичево и Соња Трифуновска од Скопје, но фалат уште седум заменици на првиот Омбудсман

Од вчера граѓаните нема кому да се обратат доколку им биде потребна помош од Народниот правобранител.
Пратениците во четвртокот изгласаа одлука да се распише конкурс, по заминувањето на Насер Зибери во пензија, а во меѓувреме од кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши информираа дека тој ја потпишал одлуката за распишување оглас за нов Народен правобранител.
Во моментов оваа институцијата функционира со двајца заменик-правобранители, односно со Илбер Руфати од Кичево и Соња Трифуновска од Скопје. Но фалат уште седум заменици на првиот Омбудсман.
Насер Зибери беше избран за Народен правобранител во јануари 2021 година со 61 глас „за“ и ниту еден глас „против“ од претходното парламентарно мнозинство.
Тој ја наследи функцијата од Иџет Мемети кој беше на чело на институцијата 16 години, односно два мандати по осум години.
Претходно, во јуни 2020 година на парламентарните избори ДУИ го промовираше Зибери како свој кандидат за премиер.