Ова барање за импичмент доаѓа откако Хан одби да назначи судии во Уставниот суд, номинирани од главната опозициска партија. Тој стави и вето на неколку нацрт-закони предводени од опозицијата, вклучувајќи го и оној со кој се предлага специјална истрага за краткотрајната декларација за воена состојба од претходниот претседател, Јун
Главната опозициска партија во Јужна Кореја, Демократската партија, денеска ќе поднесе барање за импичмент на привремениот претседател Хан Дак су, кој истовремено е и премиер, пренесува Би-би-си.

Партијата соопшти дека гласањето за импичмент треба да се одржи утре.
Претходно со ваква процедура беше сменет од функција претседател Јун Сук Јеол, кој на 3 декември годинава прогласи вонредна воена состојба во земјата, што беше причина парламентарците да гласаат за негово отстранување.
Ова барање за импичмент доаѓа откако Хан одби да назначи судии во Уставниот суд, номинирани од главната опозициска партија. Тој стави и вето на неколку нацрт-закони предводени од опозицијата, вклучувајќи го и оној со што се предлага специјална истрага за краткотрајната декларација за воена состојба од претходниот претседател, Јун.
За да успее барањето за импичмент, треба да гласаат од 151 од 300 пратеници. Демократската партија има 170 од 300 места во парламентот, а опозицискиот блок заедно има 192 пратенички места.
Инаку, опозициските партии се надеваа дека Хан додека ја извршува функцијата привремен претседател, ќе дозволи усвојување на законите. Но, наместо тоа, велат дека на овој начин ги продлабочува политичките судири.
Владејачката народна партија на Хан смета дека опозицијата се меша во легитимното практикување на власта на Хан.
Доколку пратениците гласаат за отповикување на Хан, следен на ред да ја преземе функцијата ќе биде министерот за финансии Чои Санг-мок.
